Македонија

Мицкоски во посета на Општина Брвеница

Мицкоски во посета на Општина Брвеница

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Брвеница, при што ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата 1 со краци 1,2,3 и 4 во село Радиовце.

Проектот е финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт, во висина од 11.685.536 денари, оопшти владината прес служба.

Според агендата, Мицкоски потоа ќе изврши увид во реконструкција на ООУ „Коста Рацин“ во село Брвеница. Проектот е во вредност од 20.298.797 денари, финансиран од Министерството за образование и наука, а опфаќа замена на кров, фасада, внатрешни врати, подови, ѕидови и плафони.

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата „Дубрава“ со краци 1,2 и 3 во село Брвеница, Општина Брвеница. Проектот е во вредност од 7.715.274 денари, финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт.

Најнови вести од Македонија

To top