Македонија скопје како симбол на солидарноста

Мицкоски: Во најтешките моменти, токму солидарноста, човечноста и заедништвото се темелот врз кој можеме повторно да го изградиме градот

62 години од земјотресот во кој Скопје го доживеа најтешкиот момент во својата историја. Земјотресот што го разурна градот однесе над 1.000 животи, илјадници беа повредени, а стотици илјади останаа без покрив над глава, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Денес по 62 години, се сеќаваме не само на болката, туку и на светлината што ја донесоа луѓето од светот. Над 80 држави испратија помош, медицински тимови, храна, шатори и поддршка. Обединетите нации го прогласија Скопје за град на светска солидарност, а токму таа подадена рака од целиот свет помогна градот повторно да се изгради. Земјотресот не потсети дека животот може да се промени за миг. Но и дека во најтешките моменти, токму солидарноста, човечноста и заедништвото се темелот врз кој можеме повторно да го изградиме градот. Скопје е денес симбол на истрајноста и солидарноста, истакна Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top