Македонија брифинг

Мицкоски: Во Агенцијата за разузнавање ме има повеќе од криминалните кланови

Во Агенцијата за разузнавање има повеќе од криминални кланови, информираше на денешниот брифинг со новинарите премирот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Во Агенцијата за разузнавање ме има повеќе од криминалните кланови

Во Агенцијата за разузнавање ме има повеќе од криминални кланови, информираше на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски, прв по преземањето на власта, брифинг кој траеше околу два часа со 30-на новинари во Клубот на пратеници..

Тој посочи дека го снимале и документирале секое негово движење со дронови и го третирале како терорист. Директорот на агенцијата се чувствувал загрозен од тогаш, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пренесе премиерот, а оперативците за да му се додворат на истиот тој директор дури и измислувале за активности и присуство на премиерот на настани и локации каде тој никогаш и не бил.

Заради осетливоста на материјалите, тие првин треба да бидат декласифицирани, за да и се обелоденат на јавноста.

Ова мора да прекине, не смееме да продолжиме да живееме во вакво општество, оцени премиерот Мицкоски.

To top