Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред Соборниот храм во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изборите во среда.
– На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во Парламентот, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски изрази благодарност до граѓаните кои гласаа за Силјановска Давкова во првиот круг и додаде дека се чувствува дека во среда ќе има масовност за глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.