Во Центарот за обука на МВР во Идризово, утре во 11.30 часот ќе се одржи свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на Директори на Полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ) од страна на американската амбасадорка Ангела Агелер.
На настанот ќе се обратат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и амбасадорот на САД, Н.Е. Ангела Агелер и помошник на министерот на Центарот за обука, Влатко Митковски.