Македонија

Мицкоски: Tоа што се случува во Европскиот фронт не би сакал да го коментирам, владината коалиција е стабилна

Мицкоски: Tоа што се случува во Европскиот фронт не би сакал да го коментирам, владината коалиција е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не сака да ги коментира случувањата во опозицискиот „Европски фронт“, нагласувајќи дека тоа што за него, како претседател на Влада е важно, е дека „има стабилна ситуација, една одлична хемија“ и заедничка цел – да направат подобро место за живеење.

Прашан за коментар за одлуката на Мендух Тачи да ја напушти коалицијата „Европски фронт“, Мицкоски рече дека не би сакал да ги „облекува нивните чевли“ и да ги коментира.

– Претпоставувам повеќе одговори на ова што се случуваше во текот на вчерашниот ден ќе добиете од самите актери во опозицијата. Но, она што е важно за мене како претседател на Владата е дека имаме една стабилна ситуација, имаме една одлична хемија. Не секогаш, логично е да немаме исти мислења за исти теми, впрочем и во едно семејство постојат разлики, а не па во една ваква сложена институција каква што е владината коалиција. Но, она што е важно е дека имаме заедничка цел, а тоа е да направиме подобро место за живеење, изјава Мицкоски, кој заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, американската амбасадорка Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

To top