Македонија фејсбук статус

Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат модерна сообраќајна артерија

Со инвестиција од 88.874.397 денари, финансирана преку Министерството за транспорт, во општина Кочани ќе се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“. Опфатен е делот од потегот од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до спојот со улицата „Генерал Апостолски“, односно последниот кружен тек. Вкупната должина на булеварот е 2.015 метри.

– Со имплементацијата на овој проект, граѓаните на Кочани ќе добијат модерна сообраќајна артерија која ќе ја зголеми безбедноста и комфорот во сообраќајот, ќе го подигне капацитетот на булеварот и ќе овозможи подобра сообраќајна сигнализација. Пешаците ќе добијат посигурни услови за движење, а деловните и комерцијалните активности ќе бидат поттикнати со новиот урбан изглед. Дополнително, со подобрувањето на инфраструктурата ќе се овозможи повеќе простор за социјални и рекреативни активности, а долгорочната издржливост на булеварот ќе ги намали трошоците за одржување и ќе овозможи средствата на општината да се насочат кон други јавни потреби. Реконструкцијата ќе придонесе за економски развој на локалната заедница, објави на својот Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Предвидените активности опфаќаат изградба на тротоари со бекатон плочки, асфалтирање во два слоја, систем за одводнување и изградба на потпорни ѕидови. Во моментот проектот е во работна фаза, а реализацијата, како што објави премиерот, се одвива согласно предвидената динамика.

Најнови вести од Македонија

To top