Македонија за Пелагонискиот и Југозападниот регион

Мицкоски: Со испораката на опремата за справување со цврстиот отпад правиме исчекор кон почиста животна средина

Тој додаде дека ова не е изолиран проект, туку дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад – прв национален потфат за воспоставување интегриран и одржлив систем за управување со отпад на регионално ниво, усогласен со европските директиви за отпад и депонии.

Мицкоски: Со испораката на опремата за справување со цврстиот отпад правиме исчекор кон почиста животна средина

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Оваа опрема е сегмент од придонесот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните партнери во унапредувањето на системот за управување со отпад.

Мицкоски истакна дека како Влада испраќаат силна и недвосмислена порака дека чекориме напред – од систем кој со децении беше запоставуван, кон современо, одржливо и европско управување со отпадот.

Влада

Со промоцијата и испораката на новата опрема за справување со цврстиот отпад, вели премиерот, правиме конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и посилна заштита на здравјето на граѓаните.

-Оваа опрема не е само техничко средство. Таа е симбол на системска промена. Со нејзината распределба овозможуваме значително зголемување на покриеноста со услугата за собирање на отпад, како во урбаните, така и во руралните средини. Тоа значи дека секое населено место, секој граѓанин, добива еднаков третман и еднаква грижа од државата. Со оваа инвестиција директно удираме по дивите депонии – по долгогодишниот проблем на неформално и неконтролирано исфрлање на отпад. Наместо хаос, воведуваме ред. Наместо импровизација, градиме систем. Особено важно е што воспоставуваме услови за селекција на отпадот уште на изворот. Ова е културна промена, а не само техничка мерка. Денес е изложен дел од предвидената опрема – возила и контејнери – наменети за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Ова е видлив и практичен доказ за вложувањата што ги правиме: десет камиони со капацитет од 8 кубни метри, четири камиони од 12 кубни метри, еден кипер-камион, еден камион од марката „Рено“, како и друга придружна опрема која ќе ја зајакне ефикасноста на комуналните услуги, нагласи претседателот на владата.

Влада

Тој додаде дека ова не е изолиран проект, туку дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад – прв национален потфат за воспоставување интегриран и одржлив систем за управување со отпад на регионално ниво, усогласен со европските директиви за отпад и депонии.

Проектот опфаќа изградба на три регионални санитарни депонии, санација и затворање на три постојни нестандардни депонии, изградба на претоварни станици, како и набавка на опрема и механизација за собирање и транспорт на отпадот, за вкупно пет плански региони во државата.

Влада

-Особено значајно е што со оваа опрема го подготвуваме системот за целосно функционирање на идната регионална депонија и центар за управување со отпад во Новаци, како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар. Тоа е регионален пристап што носи ефикасност, економска оправданост и долгорочна одржливост. Финансиската конструкција на овој проект е пример за успешна соработка помеѓу државата и меѓународните партнери. Обезбедени се средства преку заем, грантови и поддршка кои заедно создаваат силна основа за реализација на еден од најкомплексните еколошки проекти во државата, посочи премиерот.

Влада

Со возилата, контејнерите и кантите зa ѓубре кои Владата преку МЖСПП ги доделува на јавните комунални претпријатија во овие општини ќе се олесни, ќе се подобри работата на ЈК претпријатија во овие општини.

Влада
Влада

Најнови вести од Македонија

To top