Македонија честитка

Мицкоски со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Почитувани, дозволете ми во мое лично име и во името на Владата, да го честитам 28 Септември ‌ Меѓународниот ден на Бошњаците, се вели во Фејсбук статусот на претседателот на владата Христијан Мицкоски.

Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите врз кој може и треба да се гради напредокот. Заедно минуваме низ турбулентни времиња и предизвици, но и заедно можеме да победиме за да донесеме подобра иднина.Свесен сум за тешкиот живот, многуте наследени проблеми и за реалните потреби на луѓето и тие се заеднички за сите граѓани, но ве уверувам дека сплотени и со напорна работа, посветено можеме и ќе ја надминеме секоја пречка. Заедно да се избориме за иднина каква сите граѓани заслужуваат. Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците, истакнува Мицкоски.

To top