Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта оствари повеќе средби со високи ЕУ државници, при што на истите било разговарано за евроинтегративниот пат на Македонија.
-Денеска, овде во Будимпешта во присуство на Европската политичка заедница имавме квалитетен работен ден кој што изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Во текот на денот направивме многу средби, ги презентиравме нашите аргументи, како ја гледаме нашате економска иднина, она кое што е важно, нашите економски цели, начинот на кој што планираме да ја развиваме нашата економија, но истовремено да ги презентираме нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат, изјави премиерот Мицкоски.
Се бориме за нашите аргументи и за вистината, ќе продолжиме да се бориме за Македонија, вели Мицкоски.
-Со секоја средба, се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е. Онаа вистина која што ја чуствуваат нашите граѓани и која што е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија во неделите, месеците и годините кои што следат. Мора да успееме, мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна. Местото наше е во Европската унија. После овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде. Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, додаде премиерот.