Македонија отстапки без корист за државата

Мицкоски: Сменивме име, Устав, еднаш, два пати, три пати, каде е тоа што ни го ветуваа?

И знаете што најтешко ми паѓа? Кога претставници на меѓународната заедница вперуваат прст на политичарите во Македонија, вие сте вакви, такви, онакви, а вие што лажете? Што ни велите направете го уште ова, ова и ова и немате проблем понатаму, вели Мицкоски.

Мицкоски: Сменивме име, Устав, еднаш, два пати, три пати, каде е тоа што ни го ветуваа?

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното интервју во емисијата Анализа на телевизија 24, изјави дека најтешко му паѓа тоа што од 90тите години па до денеска политичарите во Македонија прават отстапки и компромиси бидејќи веруваат на ветувањата кои доаѓаат од меѓународната заедница доколку направат уште некоја отстапка Македонија ќе продолжи понатаму, а всушност како што рече тие лажат.

Ние сите судиме и ги прекоруваме политичарите со право. Јас сум дел од тој политички свет. Но, ајде да ги гледаме аргументите. Од раните 90тите до денеска политичарите во Македонија секогаш прават тешки отстапки и прават компромиси со тоа што веруваат на ветувањата кои што доаѓаат од меѓународната заедница. И знаете што најтешко ми паѓа? Кога претставници на меѓународната заедница вперуваат прст на политичарите во Македонија, вие сте вакви, такви, онакви, а вие што лажете? Што ни велите направете го уште ова, ова и ова и немате проблем понатаму, вели Мицкоски.

Сменивме име, Устав, знаме, еднаш, два пати, три пати, каде е тоа што ни го ветувате, праша Мицкоски.

To top