Македонија Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати апел до граѓаните

Мицкоски: Следува кампања на монтажи и измислици од власта, но нема да не поколебаат да ги промениме и поразиме жестоко

„Ве повикувам на следните избори молчењето да не биде опција туку сите масовно да излезете на избори и да оцените кој е тој кој нуди вистинска иднина и трансформација на Македонија, а кој е оној кој изминативе години ја врати Македонија години наназад“, заклучи Мицкоски.

Мицкоски: Следува кампања на монтажи и измислици од власта, но нема да не поколебаат да ги промениме и поразиме жестоко

Тимот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата јасно изминативе 6 и половина години ја дијагностицираше секоја болка, го дијагностицираше секој проблем на секој еден граѓанин во секоја една област кој треба да се решава во периодот кој следи. Нема да биде лесно бидејќи тоа што ќе го наследиме е една тешка лоша состојба во системот не функционира кој за жал го водат корумпирани луѓе кои ја имаат шансата изминативе години да најдат решение за проблемите на граѓаните но не успеаа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот „Дуел за Македонија“ во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски посочи дека ги детектирале сите проблеми и работеле напорно за креирање на изборната програма.

„Знам дека е тешко да се сопре најпрво падот а потоа да се кренеме нагоре, но сме мотивирани. Ги детектиравме проблемите, работевме напорно да ја креираме нашата изборна програма „Платформа 1198“ која содржи решенија за сите напластени проблеми кои вие граѓаните ги чувствуваа и кои Македонија како држава ги чувствува“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека следува кампања на монтажи и измислици од власта, но тоа нема да ги поколеба да ги променат и жестоко да ги поразат.

„Следната кампања однапред ви се извинувам ќе бидете сведоци на многу невистини кои нашиот политички противник ќе ги пласира, на многу креации, на многу монтажи. На многу работи кои немаат никаква врска со вашата иднина. Ве молам да извините за тоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ нема да бидеме заложници на таква кампања и едноставно сакаме да имаме позитивен пристап, едноставно сакаме да ги решаваме вашите проблеми и проблемите на Македонија како држава“, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати апел до граѓаните и посочи:

To top