Македонија инвестициски бум

Мицкоски: Следува инвестициски циклус од 5 милијарди фунти – ќе се инвестира во инфраструктурата, здравството, образованието…!

Обединетото Кралство беше со нас уште во најраните и најтешки денови на нашата независнот. Беше меѓу првите држави што не препознаа, ни подадоа рака и нинвестираа во нашата стабилност и институционален развој, градејќи ја нашата стабилност ја имавме нивната целосна поддршка, изјави премиерот Христијан Мицкоскси на заедничката прес конференција со амбасадорот на Велика Британија Метју Лосон.

Мицкоски: Следува инвестициски циклус од 5 милијарди фунти – ќе се инвестира во инфраструктурата, здравството, образованието…!

Обединетото Кралство беше со нас уште во најраните и најтешки денови на нашата независнот. Беше меѓу првите држави што не препознаа, ни подадоа рака и нинвестираа во нашата стабилност и институционален развој, градејќи ја нашата стабилност ја имавме нивната целосна поддршка, изјави премиерот Христијан Мицкоскси на заедничката прес конференција со амбасадорот на Велика Британија Метју Лосон.

Следува инвестициски циклус од 5 милијарди фунти – ќе се инвестира во инфраструктурата, здравството, образованието, појасни денеска премиерот Мицкоски.

-Овие денови ова силно партнерство е логично продолжение на тоа заедништво на доверба и почит и заедничка визија. Воедно. зошто договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е важен за македонските граѓани? Тој ќе биде основата и фундаментот на еден инвестициски циклус кој што ќе има вкупна рамка од 5 милијарди фунти, односно 6 милијарди евра. Дел од овие пари ќе бидат упоребени во инфраструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија. Инвестиции во здраството и нови болници. Завршување на проектот на Клиничката болница во Штип заедно со зградата на новиот медицински факултет, студенски дом. Изградба на болницата во Кичево заедно со здраствен дом, реконструкција на Клиничката болница во Тетово и т.н појасни премиерот Мицкоски.

Вчера во Тирана беше постигната согласност за заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. овој чин не е само симболика, тој е голем неповратен чекор во изградбата на иднината што ја заслужуваат нашите граѓани, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на заедничката прес конференција со амбасадорот на Велика Британија Метју Лосон.

-Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности кон кои се стремиме и за кои се бориме да ги воспоставиме слобода, демократија, владеење на правото, одлучност да се справиме со заканите врз мирот и стабилноста, длабока посветеност кон безбедна и просперитетна Европа. Ова партнерство значи многу повеќе од билатерален аранжман, ова партнерство е архитектура за иднината и токму затоа ја отвараме врата за највисоко ниво на соработка со Обединетото Кралство, појасни премиерот Мицкоски.

Во одбраната, во борбата против организираниот криминал и нелегалните финансии, во образованието, здравството и културата, младинските политики, економскиот развој и инвестициите. Со овој документ двете Влади испраќаат силна порака дека интересите на граѓаните се најважни а дека политиката е моќен инструмент кога создава вредности а не поделби, посочи Мицкоски.

Договорот е резултат долгорочна работа, рече Мицкоски.

-Овој договор е резултат на месеци сериозна работа помеѓу нашите тимови, а вчера тој труд се претвара во јасна визија. Партнерството што го формализираме ќе придонесе за модернизација на нашите воружени сили и подлабока интеграција во НАТО стандардите, ќе ни овозможи да ја зголемиме безбедноста на границите и да се спротиставиме на трговијата со луѓе и шверцот, ќе овозможи досега најсилна економска соработка меѓу двете Влади, вклучително и во капитални инвестиции и во инфраструктурата, здравството и енергетиката понатаму. Ќе ја засили соработката во областа на образованието, дигиталната трансформација, иновациите, ќе ги поврзе нашите млади, преку креации, културата и новите технологии рече премиерот.

Најнови вести од Македонија

To top