Македонија

Мицкоски: Штипската клиничка болница мора час поскоро да го продолжи процесот на изградба

Мицкоски: Штипската клиничка болница мора час поскоро да го продолжи процесот на изградба

Штипската клиничка болница мора час поскоро да го продолжи процесот на изградба. Тоа е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и тука нема дилема. Се обврзавме конечно да го завршиме и проектот за болницата во Кичево, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски за време на неговата посета на касарна „Јане Сандански“ во Штип, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе се продолжи со доизградба на болницата во Штип.

Тој напомена дека очекуваат преку транспарентна јавна набавка процесот да биде завршен, да биде избран најповолниот понудувач, а потоа тој да го заврши проектот успешно и најави дека тоа многу скоро ќе се случи.

-Заедно со министерот за здравство бевме тука во Штип и кажавме дека штипската клиничка болница мора час поскоро да го продолжи процесот на изградба. Тоа е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. Истовремено се обврзавме заедно со штипската клиничка болница да го завршиме конечно и проектот за болницата во Кичево. Имаме еден прилично квалитетен економски пристап, работиме со неколку економски оператори. Очекувам преку транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен, да биде избран најповолниот понудувач, а потоа проектот успешно да заврши. Мислам дека ова многу скоро ќе се случи, кога ќе заврши процесот на транзиција во рамките на Владата, додаде Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top