Премиерот Христијан Мицкоски оствари срдечна и пријателска средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц.
-Разговаравме за европскиот пат на државата и за предизвиците со кои се соочува регионот и Европа.
Средбата со германскиот канцелар ја искористив да разговараме и за државните интереси, јакнењето на демократијата, како и за големиот потенцијал за економска соработка помеѓу Германија и Македонија, информира Мицкоски.