Македонија Борбата против криминалот и корупцијата продолжува

Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Да се заблагодарам лично на Нејзината екселенција амбасадорката Анџела Агелер за нејзината лична поддршка и помош при реализацијата на овој проект, да му се заблагодарам на министерот Панче Тошковски којшто заедно со својот тим и соработниците се вложија несебично да овој објект изгледа како што изгледа. Владеењето на правото, безбедноста на граѓаните е темелна уставна вредност и Владата има за задача, обврска, но и цел да ја почитува оваа темелна вредност и сето она коешто се случуваше, но и она што ќе се случува во периодот којшто следи подразбира бескомпромисна борба против криминал и корупцијата, нешто коешто го очекуваат граѓаните од нас и од оваа Влада, а нешто коешто за жал не беше случај во минатото кога најголемиот дел од нашите сограѓани се чувствуваа како граѓани од втор ред, а една мала група којашто беше тесно поврзана со коалицијата на власт, СДСМ-ДУИ беа граѓани од прв ред, изјави Мицкоски.

Сега нема привилегирање, борбата против криминалот и корупцијата е безмилосна и така и ќе продолжи. Мораме да покажеме дека е не исплатливо да се занимавате со криминал и корупција во оваа држава, потенцираше премиерот Мицкоски.

To top