Цел прв круг на претседателски избори слушаме се и сешто, повторно зборуваат за режим, сакаат да заборавиме дека се 6 и половина години на власт и видовме што направија, и каков криминален артаноиден режим тие станаа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор на митингот во Охрид.
Мицкоски истакна дека ги гледаме како зборуваат за измислени теми на кои сами си поставуваат прашања и си одговараат, си креираат самите теми, затворени во меурот на сопствениот ментален склоп, отуѓени од народот мислат дека со истите трикови повторно народот ќе се излаже и ќе им поверува.
Шест и половина години се на власт, што добро паметите од нив, освен гафови, предавства и криминални афери? – прашува Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ни кажуваа дека Македонија била на маса со најсилните и тие ќе не бранат, заборавајќи да споменат дека по стандардот и живот не донесоа меѓу најсиромашните и најкорумпираните земји во светот, и дека сме рекордери по иселени лица во последниве 6 и половина години, како никогаш во историјата.
Ако од некој треба да не бранат најсилните, тоа е од корумпирани политичари како нив, а во тоа и тие веќе се уверени, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека Ковачевски не кажува ниту еден збор за тоа што направиле како влада, не кажува ниту еден проект, мерка, реформа не кажува за инвестиции кои ги донеле, дека нема отчет.
Ништо не направија затоа што се заглавени со други приоритети, со крадење и местење тендери, еве да ви кажам јавна тајна е дека од тендерите во РЕК ДУИ и СДСМ делат 20 проценти од тие што го добиваат тендерот. Затоа нема отчет, затоа што единствениот отчет што може да го кажат е колку украле. Но доаѓа крајот на тоа. И ако мислат ќе им се прогледа низ прсти се лажат. А, во тоа ќе се уверат набргу, изјави Мицкоски.