Македонија окрупнување на коалицијата

Мицкоски: Разговараме со многу потенцијални коалициони партнери, очекувам зголемување на коалицијата

Разговараме со многу политички партии, нашата стратегија е јасна. Ние формиравме Комисија за преговори со политичките партии и таа беше поддржана и изгласана и од Извршниот и од Централниот комитет. Планираме прво да разговараме со политичките партии од постојната Коалиција и тоа ќе се случи во првата половина на февруари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на 24 Анализа што се емитува на Tелевизија 24.

Мицкоски: Разговараме со многу потенцијални коалициони партнери, очекувам зголемување на коалицијата

Потоа, додаде Мицкоски, ќе разговараме со сите партии кои имаат желба, намера да пристапат кон ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа ценам дека би требало да биде во втората половина на месец февруари. Во март да ја затвориме структурата на Коалицијата со која ќе настапиме на следните претседателски и парламентарни избори. И потоа официјално да почнеме кампања, кажа Мицкоски.

Мицкоски информираше дека отприлика ова е тоа што го планираат.

-И очекуваме со нашите сегашни и идни партнери да размениме идеи, да настапиме со документ и таа програма со која ќе излеземе на избори ќе биде и владина програма, рече Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top