Македонија

Мицкоски: Програмата „Платформа 1198“ се потпира на 5 клучни столба и ги става граѓаните на прво место, конкретни реформски мерки и политики за подобар животен стандард

Мицкоски: Програмата „Платформа 1198“ се потпира на 5 клучни столба и ги става граѓаните на прво место, конкретни реформски мерки и политики за подобар животен стандард

Ако ВМРО-ДПМНЕ знае да направи нешто што е навистина добро, тоа е да прави проекти, и програми кои ќе бидат најдобриот одговор за реалните проблеми со кој живеат граѓаните на Македонија. Тежината на оваа програма која низ долготраен процес на консултации и собирање на најдобрите знаења на луѓето кои сакаат да се вградат во напредокот на државата, се состои во даденото ветување дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си стои на зборот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната презентација на програмата „Платформа 1198“.

Мицкоски потенцираше дека програмата е наречена „Платформа 1198“ и е длабоко визионерска програма посветена на развојот на Македонија, квалитетниот живот на сите граѓани, како и поставување на луѓето на прво место.

Платформа 1198 затоа што содржи 1198 проекти со кои решаваме огромен број на проблеми кај граѓаните, затоа што за нас граѓаните се на прво место. Со фокус на реалните проблеми, оваа програма е срочена за да гарантира целосно функционирање на системот, заштита на националните интереси, квалитетно образование, како и модерен здравствен систем, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека документот содржи и конкретни реформски мерки и политики кои ќе генерираат динамичен и повисок животен стандард, повисоки плати и пензии, притоа осигурувајќи ред и правда за сите.

Програмата „Платформа 1198“ се потпира на 5 клучни столба. И тоа прво, активна и постојана борба за квалитетен животен стандард. Она што им е најпотребно на луѓето е всушност пристоен живот. Второ отворање на фронт против корупција. Трето институциите да работат според законите. Четвртиот столб е обезбедување на функционален систем за граѓаните. Петто, е заеднички патриотизам кој во суштината е патриотизам кој обединува. И шестиот столб е непоколебливо почитување на правата и слободите на луѓето, истакна Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top