Ми претставуваше чест вечерва да присуствувам на Светославската академија по повод Денот на просветителот Св. Сава, се вели во објавата на Фејсбук на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Толеранцијата и соживотот се вековна традиција која се негува во нашата заедничка Татковина. Токму довербата и уважувањето меѓу двата народи, српскиот и македонскиот, се најцврстиот мост на пријателство кој може да се изгради. Нивната лојалност е доказ за тоа како се придонесува и гради државата, истакнува Мицкоски.