Да не влегуваме во замка на владата. Со било кој партнер, преговорите е потребно да се темелат на база на аргумент и визија, без притоа да се дозволи да се фаворизира одредена компанија за било кој проект, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Ќе споделам со вас нешто кое е дел од моето искуство. Јас кога седнувам со партнер потенцијален и кога преговарам, сакам да преговарам за иднина. Сакам да преговарам за визија. Да речеме, за образование. Сакам да преговарам за тоа како јас го гледам образованието и да слушнам како соговорникот го гледа образованието во следните 10-20 години. Па ние тука аргументи да презентираме на маса и аргументи кои ќе преовладаат да ги прифатиме. Но не можам да преговарам „Слушај, во ред е сето тоа, но оваа и оваа фирма ќе ги печати учебниците“. Тоа не сакам, рече Мицкоски.
Истакна дека тоа е она што нив ги прави различни од оние кои сега не гледаат проект да реализираат туку се пазарат која фирма да ја одберат.
Целата изјава на Мицкоски, проследете ја во продолжение: