Македонија преговорите со владините партнери Вреди и ЗНАМ

Мицкоски: Преговорите со владините коалициски партнери се движат во одлична, позитивна насока

Во овој момент се движат во одлична, позитивна насока. Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации – одговори Мицкоски.

Мицкоски: Преговорите со владините коалициски партнери се движат во одлична, позитивна насока

Прво ќе ја потврдиме внатрешната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со политичките партии, а потоа ќе продолжат разговорите и со коалициските владини партнерти, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со владините партнери Вреди и ЗНАМ и кога може да се очекуваат кандидати за градоначалници на општините Центар и Куманово.

– Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се наш приоритет, тие преговори се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена. Потоа ќе продолжат и преговорите со нашите коалициски владини партнери. Во овој момент се движат во одлична, позитивна насока. Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации – одговори Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top