Македонија Интервју

Мицкоски: Поздравувам што ЕУ ја поддржува Украина, но исто така очекувам да го вреднува и напорот на Македонија што над 30 години го даваме

Мицкоски уште еднаш укажа дека тој чекор е храбар од страна на Европската Унија.

Мицкоски: Поздравувам што ЕУ ја поддржува Украина, но исто така очекувам да го вреднува и напорот на Македонија што над 30 години го даваме

Видовме сега на последниот Европски совет дека ако се има политичка волја многу ставови можат да бидат поразлични, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на МРТ 1.

„Ние зборуваме за принципи, ние не зборуваме за кој кого нападнал и како нападнал. Апсолутно го поздравувам потегот што се случи со Украина, Молдавија и Грузија затоа што на тој начин Европската Унија покажува и дава знак дека стои позади своите сојузници, пријатели и дека апсолутно е решена до крај да се бори против руската агресија во Украина“, кажа Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш укажа дека тој чекор е храбар од страна на Европската Унија.

„Ценам дека е исклучително храбар чекор од страна на Европската Унија и го поздравувам, но истовремено очекувам овие 23 години со многу внатрешни проблеми и поделби како држава што ние ги имаме но факт е дека што се однесува до посветувањето кои го имавме кон европските вредности и тоа што се бараше од нас како народ и како држава направивме многу повеќе од колку сите заедно нови членки на ЕУ“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top