Македонија во министерството за економија на Бектеши

Мицкоски потврди: Чекиќ Дуровиќ ја потпишала фалсификувана лиценца за дискотеката

Мицкоски потврди: Чекиќ Дуровиќ ја потпишала фалсификувана лиценца за дискотеката

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање потврди дека- Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на Крешник Бектеши, ја потпишала фалсификувана лиценца.

-Да министерство за економија ја има издадено, потпишана е од тогашен државен секретар Размена Чекиќ Дуровиќ. Со цел ризик дека сето ова може да предизвика процедурални пропусти, но во интерес на јавноста јас сум тука да ги соопштам и овие детали доколку ме прашувате, истакна Мицкоски.

Курир претходно пишуваше дека од извори во истрагата дознава дека дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена во времето на Крешник Бектеши од ДУИ, иако не ги исполнувала условите за работа и претходно, во неколку наврати била одбивана за таков тип на дозвола.

На лиценцата е потпишана Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на Крешник Бектеши.

За потсетување, Бектеши станува министер за економија во Владата на Зоран Заев во 2017-та година, беше близок и со Ковачевски.

Најнови вести од Македонија

To top