Македонија изјава

Мицкоски: Планирам регионална иницијатива за енергетски инвестиции, тоа е иднината

Вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, каде што беше запрашан за средбите на Светскиот економски форум во Давос, како и за најавите за инвестиции во енергетиката и вештачката интелигенција, како и за можноста за конечна изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“.

Мицкоски: Планирам регионална иницијатива за енергетски инвестиции, тоа е иднината

Вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, каде што беше запрашан за средбите на Светскиот економски форум во Давос, како и за најавите за инвестиции во енергетиката и вештачката интелигенција, како и за можноста за конечна изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“.

Тој посочи дека постои можност и дека ќе ги имаме, дури и на маса го имаме и проектот „Бошков Мост“. Исто така тука треба да мобилизираме, како држава, тоа да е приватен капитал, а државата да си има дел од ова инвестициско портфолио.

„Пример, на еден од панелите, на којшто зборувавме за предизвиците на иднината и развојот на енергетиката, каде што зборував јас, а учествуваше секретарот за енергија на САД, господинот Рајт, учествуваше, да речеме, директорот на Светската енергетска агенција, господинот Фати, многу прецизно кажа човекот, во следниот период потребата од енергија во светот ќе се зголемува многу остро, а потребата од електрична енергија два и пол пати повеќе од вкупната потреба на енергија во тоа портфолио. Зошто, вели? Ќе ви дадам два едноставни примери. Најбрзо растечката нација од аспект на популација и бизнис на Афричкиот континент, Нигерија, само 5% од домаќинствата користат еркондишн, односно климатизација. Зборуваме за држава од 250 милиони луѓе. Само 13 до 17% од јужноазиските држави, коишто се најгусто населени, користат еркондишн. Тоа е првиот столб на којшто во следните години ние мораме да обезбедиме ресурс. Ќе има потреба, едноставно ние мора да обезбедиме ресурс, значи производни капацитети што ќе произведат струја“, истакна премиерот Мицкоски.

Претседателот на Владата, истакна дека е јасна пораката дека развојот на човештвото оди во насока на вештачката интелигенција. Зошто развиените и пазарите во развој имаат ниска стапка на фертилитет и единствен начин да се најде продуктивност и одржување и мало зголемување на економијата е таа работна сила којашто недостасува поради ниската стапка на фертилитет да се замени со вештачката интелигенција.

„За да таа вештачка интелигенција ги даде очекуваните резултати, мора да добие знаење од супер моќни компјутери, составен дел на дата центри, коишто ќе ја хранат таа вештачка интелигенција со искуство, со податоци, со анализи за да таа може нешто да направи. За да работат тие, потребно им е струја“, додека претседателот на Владата Мицкоски.

Исто така потенцираше премиерот дека 40.000 теравати нов инсталиран капацитет на производни капацитети е потребен во следниве 10 години.

„Зборуваме за 10 години, една декада. Значи, ние ќе го доживееме тоа. Знаете ли колку се 40.000 теравати? Тоа е колку што денес Соединетите Американски Држави, Канада, Европската Унија и Јапонија имаат заедно. Замислете ние како регион, на што многу работам, ќе кажам после што планирам да направам, замислете ние како регион, Западен Балкан се обединиме и понудиме инвестициски можности и дел од овие инвестиции за овие нови 40.000 теравати производни капацитети, само 0,01% да завршат тука. 0,01%. Тоа се 4 теравати. Значи од 40.000, 4 теравати тука да завршат. Тоа се 4 милиони мегавати. Ако еден мегават инсталиран капацитет чини од милион до два милиони евра, зборуваме за 4 трилиони евра во следниве 10 години инвестиции што треба да се случат во Западен Балкан. Сите, сите заедно, сите земји во Западен Балкан кога ќе им ги соберете номиналните бруто домашни производи на Србија, на Босна, на Црна Гора, на Албанија, на Косово и на Македонија е нешто повеќе од 200 милијарди годишно. Ние зборуваме за 400 милијарди евра коишто ги имаме на маса, треба да ги донесеме“, појасни Мицкоски.

Тој беше запрашан дали ние како регион ќе успееме тоа да ги направиме при што претседателот на Владата истакна:

„Јас планирам да направам регионална иницијатива, регионална иницијатива, така и ќе ја брендираме како „Скопје – регионална иницијатива за поврзување“. А за сето ова да функционира ни требаат гасни интерконектори, ни требаат далеководи. Ова ќе се случи. Дали ние ќе го препознаеме како регион, зависи од нас. Но ова ќе се случи бидејќи човештвото се движи во таа насока. Тоа се двата суштински столба на коишто ќе се темели иднината на земјата, на човештвото, не на земјата Македонија, туку на земјата планета. Тоа се вештачката интелигенција и потребата од енергија – електрична енергија. Тоа се главните пораки од Давос. Ова е нешто што ќе биде драјвер во следните 20, 25, 30 години.“

Најнови вести од Македонија

To top