Македонија Кочани

Мицкоски: Пендаровски вели осудувал криминал, тогаш јавно да го прашам дали мисли дека Ахмети и Груби се чесни и кога точно осудил криминал?

„Еве јавно од Кочани да прашам Пендаровски, кого тој јавно го осуди за сторен криминал? Еве и едно второ прашање, Стево, дали Стево за тебе Али Ахмети и Артан Груби се криминалци? И едно трето потпрашање, те молам немој да се вадиш со онаа, се додека некој не е осуден тој е невин пред законите. Еве одговори конкретно и јасно на следното место каде што ќе се обраќаш пред десетина луѓе, дали за тебе Али Ахмети и Артан Груби се криминалци“, прашува Мицкоски.

Мицкоски: Пендаровски вели осудувал криминал, тогаш јавно да го прашам дали мисли дека Ахмети и Груби се чесни и кога точно осудил криминал?

Овие избори се и можност народот да каже што мисли за Стево Пендаровски. Човекот е без свое јас. Вчера го слушам ја продолжува онаа традиција на играта наречена момент на вистината, каде сите пробуваат да се избават од колективниот грабеж кој и го направија на државата, па Стево вели дека ете и тој осудувал криминал кој го правеле поедници, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето обраќање на митингот во Кочани во рамките на претседателската кампања.

ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски испрати јавни прашања до Стево Пендаровски, кој вели дека осудувал криминал, па на следен митинг пред десетина присутни, колку што го поддржуваат, да каже дали за него Али Ахмети и Артан Груби се чесни луѓе или криминалци.

„Еве јавно од Кочани да прашам Пендаровски, кого тој јавно го осуди за сторен криминал? Еве и едно второ прашање, Стево, дали Стево за тебе Али Ахмети и Артан Груби се криминалци? И едно трето потпрашање, те молам немој да се вадиш со онаа, се додека некој не е осуден тој е невин пред законите. Еве одговори конкретно и јасно на следното место каде што ќе се обраќаш пред десетина луѓе, дали за тебе Али Ахмети и Артан Груби се криминалци“, прашува Мицкоски.

Мицкоски додава дека вистината е дека тој сега се моли за поддршката од ДУИ и затоа уште калкулира и не кажува што ќе прави и како ќе прави во оваа кампања.

ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски ги повика присутните, но и сите македонски граѓани на изборите на 24 април масовно да излезат на гласање и да ја дадат нивната поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова, затоа што таа е решението за достоинствен претседател на Македонија.

„Професорката Гордана Силјановска Давкова е решението за претседател на Македонија. Жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија. Која има свој став, кој може да му се допаѓа некому или не, но таа до крај се бори за него, затоа што верува во него“, истакна Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top