Македонија претседателски избори

Мицкоски: Пендаровски треба да се засрами зошто освен тоа што до последно му се додворуваше на ДУИ и е безличен како вазна, значи човек не може да каже ни дека е фикус, држи лекции дека Гоце бил Бугарин

Не беше одамна кога кажа дека Гоце Делчев се осеќал бугарин. А сега ни кажува за иднината како човекот да не е во политика, да не е претседател, како одново да се измислува себе си, како да има подвоеност“, рече Мицкоски.

Мицкоски: Пендаровски треба да се засрами зошто освен тоа што до последно му се додворуваше на ДУИ и е безличен како вазна, значи човек не може да каже ни дека е фикус, држи лекции дека Гоце бил Бугарин

Овие избори се и шанса за избор на Претседател каков Македонија вистински заслужува. Овој што сега го имаме е човек кој за себе вели дека доколку не е претседател сам ќе си заминел од државата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното обраќање пред присутните на митингот во Неготино во рамките на изборната кампања за избор на претседател на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски посочи дека се уште актуелниот претседател, Стево Пендаровски ќе остане запаметен по тоа што, тој е коментатор кој коментира состојби кои се случиле, а никако да превземе нешто за да ги промени околностите.

„Треба да се засрами зошто покрај тоа што до последно му се додворуваше на ДУИ и му потпишуваше закони, освен што е безличен како вазна, значи човек не може да каже ни дека е фикус, одозгора дели лекции по историја. Не беше одамна кога кажа дека Гоце Делчев се осеќал бугарин. А сега ни кажува за иднината како човекот да не е во политика, да не е претседател, како одново да се измислува себе си, како да има подвоеност“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ

И затоа, додаде Мицкоски, сосема е погрешно неговото удирање во гради кога вели дека го зачувал јазикот, го одбранил идентитетот.

ВМРО-ДПМНЕ

„Тоа подразбира, браќа и сестри, дека тој јавно признава дека истите тие, и јазикот и идентитетот биле нападнати, нешто што го премолчуваа тогаш кога не убедуваа дека францускиот предлог и претходно бугарскиот договор се најпрекрасни и најдобри на целиот свет. Како го зачувал идентитетот кога самиот напаѓа и измислува дека Гоце Делчев бил Бугарин? Ништо не зачувал Стево, ниту идентитет, ниту пак јазик“, истакна Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top