Македонија дебата „Важно е“

Мицкоски: Овие пет професионалци ќе покажат дека не се сите исти и на 8 мај ќе славиме

На секој човек му е јасно дека на следните избори ќе победи ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски: Овие пет професионалци ќе покажат дека не се сите исти и на 8 мај ќе славиме

Следните 100 дена се суштински за да имаме колку толку кредибилен изборен процес. На секој човек му е јасно дека на следните избори ќе победи ВМРО ДПМНЕ. Целта ни е да освоиме 61 пратеник за да се овозможи целосна трансформација на Македонија, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на дебатата „Важно е“.

Тој нагласи дека ќе покажат нешто поразлично од ова што било досега и додаде дека петте нивни претставници во техничката влада ќе го покажат тоа во следните 100 дена.

-Ценам дека овие пет професионалци ќе покажат дека не се сите исти и на 8 мај ќе славиме, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ одржува дебата на која учествуваат лидерот на партијата Мицкоски, Панче Тошковски, предложен кандидат за технички министер за внатрешни работи, Ѓоко Велковски, предложен кандидат за технички министер за труд и социјална политика, Елена Петрова, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Цветан Трипуновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Стефан Андоновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

Најнови вести од Македонија

To top