Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната презентација на програмата Платформа 1198 најави клучни проекти кои ќе ги реализира идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори.
-Првата клучна промена за која очекувам поддршка од сите политички партии е парламент со 90 пратеници.
-Следно кое што е многу важно, а тоа е она кое политичките партии го бараа тоа е Македонија како една изборна единица и очекувам дека сите парламентарни партии ќе се сложат и дека заеднички ќе ја направиме таа реформа со измена во изборниот законик Македонија да биде една изборна единица со што ќе се овозможи и непречено гласање на дијаспората.
-Многу важна реформа која што е потребна за трансформација за самата влада е и реорганизацијата на самите министерства и институциите. Планираме отворање на едно ново министерство а тоа е министерството за енергетика рударство и минерални суровини и цениме дека е премалку еден сектор во министерството за економија кое многу слабо ја вршеше работата. За младите е многу важно да планираме министерство за спорт и досегашната Агенција за млади и спорт да биде трансформирана во министерство за спорт, а секторот млади да го поврземе со едно ново министерство кое што ќе биде формирано, а ќе биде практично наследник на министерството за труд и социјална политика а тоа е министерството за социјална политика, демографија и млади, а делот од труд ќе биде поврзано со министерството за економија и труд .Она е кое е значајно за туризмот е да издвои да му се даде важност и да биде дел од министерството за култура. Исто така мораме да имаме поголема транспарентност, отчетност и мора граѓаните тоа што го очекуваат од администрацијата да имаат јасен увид каде се наоѓа и затоа ќе биде задолжено министерството за дигитална трансформација досега министерство за информатичко технологија и администрација.
-Тоа што најмногу интересира граѓаните е намалување на институциите и намалување на луѓето кои имаат и измислени улоги во рамките на тие институции, тоа е укинување на позицијата заменик директор.
-Исто така многу е важно да имаме намалување на управните и надзорни одбори туку и да го намалиме бројот на учесници во тие одбори со што ќе се намали бесполезното трошење на народни пари, а тие средства ќе може да ги искористиме за нешто што е подобро за граѓаните.
-Она кое што најмногу ги интересира граѓаните тоа е балансерот. Ова е исто така услов кој сака да биде во коалиција. Ние цениме дека е неправичен, фаворизиран, дискриминиран.
-Тоа што е исто така важно колку сме и со што располагаме и за да имаме јасна точна и прецизна слика колкаво е резидентното население, со кое образование е резидентното население и мораме да направиме вистински дигитален попис на населението и домаќинствата.
-Многу е важно судовите и обвинителството да ја повратиме довербата зошто сега речиси непостои и е еднакво на нула и наша цел и задача е овој систем да го обновиме од почеток, а за да го направиме тоа мораме да почнеме од вистинскиот проблем а тоа е судскиот совет и советот на јавни обвинители, безусловно распуштање на овие две структури, а понатаму формирање на истите врз основа на вистински критериуми, критериуми кои ќе значат заштита на правдата.
-Една од алатките која ќе биде примената е да ја провериме имотната состојба на сите обвинители и судии и да видиме како тие успеале со своите плати и плати да стекнат имоти за кои имаме индиции дека дел од нив поседуваат тие или нивните блиски семејства.
– Нема да се толерира злоупотреба на службени возила за приватни цели и за да бидат јасно препознатливи за граѓаните, ќе воведеме специјални регистарски таблици за службени возила.
– Мечирање (споредување) на бази на податоци за проверка на имот и спречување на корупција, со што ќе направиме проверка на имотниот статус ќе за сите граѓани и јас со моето семејство се пријавувам да бидам прв меѓу нив.
– 5.000 денари поголема пензија за сите пензионери во рок од една година од формирањето на новата влада.
– Вработување на лица со попреченост во јавните институции, за децата со попреченост ќе се продолжи грижата на асистентите и во средното образование и бесплатни спортски активности.
– Жената е центар на нашето внимание и затоа посебно внимание посветуваме во делот на формирање на десет центри за поддршка и згрижување на жените – жртви на насилство.
– Финансиска поддршка за мајките кои што се во работен однос најмалку една година за прво родено дете ќе добијат поврат на данокот на личен доход за една година, за второ дете ќе имаат поврат на данокот од две години, а за трето дете ќе има поврат на данокот секоја година се додека највозрасното дете не стане полнолетно.
– Ќе ја вратиме мерката Обезбедување дом за млади (Купи куќа за млади), со цел помагање на младите брачни парови и со тоа подобрување на состојбата на демографијата.
– Секое дете во градинка и да нема повеќе листа на чекање, и во секоја општина да има место во градинките е уште една мерка во насока на зголемување на бројноста на семејствата.
– 6 бесплатни ИН ВИТРО оплодување без разлика на економскиот, социјалниот статус на на потенцијалната родилка, нешто што до сега не беше возможно.
Претседателот Мицкоски најави изградба на жичница од Скопје до Средно Водно.
-Нешто што скопјани мислам ќе ги интересира, нешто што не само скопјани туку и сите граѓани во Македонија кои доаѓаат во Скопје и туристите ќе може полесно да се стига до врвот на планината Водно, навистина еден прекрасен проект кој за жал беше дел од една друга програма кој за жал од веќе познати причини не се реализира, но идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира овој проект кој ќе биде многу значаен за Скопје и Македонија но и за подобрување на туристичките услови и понуда на главниот град“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски најави 50 милиони евра директна поддршка на културата.
„1 денар од акцизата за горивата ќе заврши и во културата, тоа значи отприлика 750 милиони денари годишно или отприлика во еден 4 годишен мандат тоа е некаде околу 3 милијарди денари, близу 50 милиони евра за културата за капитални проекти, програма, да културните работници да можат достоинствено да ја претставуваат Македонија не само во рамките на Македонија туку и надвор“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски најави нови ТВ серии и филмови на македонски јазик
„Нови ТВ серии и филмови на македонски јазик да го популаризираме ова е многу важно. Ова се надоврзува на она што го зборував претходно дека оние 50 милиони евра ќе ја поттикнат продукцијата на македонски серии, филмови“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски најави укинување на тарифата за пристап на мрежа
„Има една такса која од оваа година РКЕ почна да ја наплаќа а тоа е пристапот на мрежа, тоа е како да наплаќа некој пристап на тротоар, пристап на улица, пат. Тие одлучиле да наплатат пристап на мрежа за да обезбедат повеќе пари а да не кажат дека ја поскапеле цената за граѓаните. Ние тоа ќе го укинеме, сепак 200 денари можеби не значи многу месечно но кога тоа ќе се мултиплицира е доволна заштеда за семејниот буџет“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски најави модернизација на РЕК БИТОЛА – стожар на македонскиот електроенергетски систем.
„Ако оваа Влада на СДСМ и ДУИ има намера и тоа го кажа неколку пати јавно да го затвори РЕК Битола и на тој начин да практично неколку илјади битолчани, семејства кои директно градат егзистенција за своите семејства во овој рударско енергетски комбинат да останат на улица, а неколку десетици илјади кои се дел од компаниите кои соработуваат со овој комбинат исто така да трпат сериозен удар и биде под знак прашалник нивното работно место и нивната егзистенција. Тие вела дека ќе го затворат и го ставаат на знак прашање дали тоа ќе функционира и продолжи да работи во иднина. Ние тука немаме дилема, да за енергетската трансформација, да за зелената агенда, но ние ќе го следиме примерот на највисоко развиените европски држави со многу посложени системи од нас и кога тие целосно ќе го трансформираат својот производствен енергетски систем на зелена енергија, ние веднаш следната година ќе се адаптираме“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски најави ветерни паркови во Богданци, Миравци и Планински Масив Илинска, Плакенска и Бигла
„Како АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ Ќе бараме приватен партнер со кој ќе ги развиваме овие ветерни паркови и на тој начин ќе го зголемуваме производното портфолио на електрична енергија од обновливи избори на енергија“, истакна Мицкоски.
Претседателот Мицкоски најави спортски денар– 50 милиони евра директна поддршка за спортот во четиригодишниот мандат
„Многу е важно најмладите да ги воспитаме во духот на спортот да се натпреваруваат, витешкиот карактер да го создаваат во себе затоа што во животот ќе имаат многу предизвици и многу е важно тој морален аспект секој млад човек да го има во себе бидејќи ако го има во себе уште во најмладите години тоа ќе го прати во текот на неговиот живот, а потоа ќе имаме општество во кое ќе се почитуваме и едни на други ќе бидеме поддршка а не како што сега имаме ситуации. Затоа спорот е многу важен да го развиеме витешкиот дух кај најмладите а од друга страна спортистите да не промовираат со спортски успеси на арените и борилиштата надвор од Македонија бидејќи тие се наши амбасадори и затоа овие 50 милиони евра за овој 4 годишен мандат ќе завршат директно за спортот за капитални инвестиции но и за поддршка со што ќе ги стимулираме врвните спортски резултати на големи натпреварувања“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски најави Национален комплекс „Методиј Андонов Ченто“ во Скопје
„Спортскиот комплекс „Методија Андонов Ченто“ кој ќе се гради во Општина Гази Баба со еден дисперзиран објект, со едно дисперзирано борилиште а тоа е една олимписка арена за боречки спортови која ќе биде во соседната Општина Бутел затоа што тоа е олимписка општина, таму е сребрениот од последните олимписки игри“, истакна Мицкоски.
Претседателот Мицкоски најави спортски комплекс Битола
„Како комплекс во Битола и во цела Пелагонија може да биде значаен комплекс од кој ќе излезат голем број спортисти кои ќе ја промовираат Македонија, Пелагонија, Битола како што многу пати тоа се случувало во минатото, затоа спортскиот комплекс Битола е исто така еден од приоритетите во програмата Платформа 1198“, посочи Мицкоски.
Претседателот Мицкоски најави настава во една смена и продолжен престој за сите ученици
„Родителите да знаат дека учениците, нивните деца го посетуваат наставниот процес во една смена додека се тие на работа, дека се згрижени и дека не треба да се грижат каде е детето, што прави, како прави, со кого е туку да знаат дека посетуваат настава во една смена. Она кое што е вистински важно е учебник да има секое дете, ние сме свесни дека кога ќе ја формираме новата Влада тоа ќе е втората половина на јуни месец оваа година ќе начекаме многу хаотична ситуација во рамките на образованието која намерно оваа Влада на СДСМ и ДУИ сака да ја остави и ќе дадеме се од себе на 1 септември 2024/2025 година секое дете да има учебник пред себе“, рече Мицкоски.
„Ќе стимулираме истражувачки, магистерски и докторски трудови. Според методологијата за објавени трудови во списанијата со фактор на влијание кои се дел од Web of science (Thomson Reuters) ќе се финансира во целост нивното објавување. Дополнително, на прво наведениот автор ќе се исплаќа месечен надоместок во висина од 50% од неговата тековна месечна плата во период од 1 година“, рече Мицкоски.
Мицкоски најави 800 милиони евра за македонското земјоделство.
„Опоравување на земјоделството и руралните средини, доходовна поддршка на земјоделците, инвестиции во земјоделските стопанства, инвестиции за диверзификација на земјоделските активности, инфраструктура и опрема за заштита од временски непогоди и осигурување, инвестиции во водостопански проекти и реконструкција на системи за наводнување, развој на руралните средини, изградба на откупни дистрибутивни центри“, кажа Мицкоски.
Мицкоски најави и обнова на сите водоснабдителни системи како и гарантиран откуп и загарантирана цена за македонските земјоделци.
„Ќе има мерки за управување со откуп и пазарни ризици, формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, заканување на функциите на земјоделските задруги во откуп и продажба, изградба на откупни дистрибутивни центри“, посочи Мицкоски.
Во проектот „Мојот дом не загадува“, Мицкоски најави: „Бескаматни кредити и грантови за 150 000 домаќинства во еден мандат за сопствениците на приватните куќи и станови, со цел поставување нови енергетски ефикасни фасади, прозорци и врати, субвенции на граѓаните до 50% од цената за набавка и инсталација на енергетски ефикасна опрема: сончеви колектори, топлински пумпи, како и фотоволтаични електрични централи за производство на електрична енергија за сопствените потреби на домаќинствата“.
Мицкоски се осврна на екологијата укажувајќи дека ќе има еколошки одговорна влада.
„Станува збор за промена на начинот на загревање во институциите. Повеќе од 600 објекти на државни и јавни институции користат мазут или цврсти горива за загревање или технолошки потреби. Се обврзуваме дека ќе изработиме проектна и техничка документација за промена на горивото и за употреба на чисти горива и технологии за загревање на јавните објекти во Македонија; ќе инвестираме во промена на системите за загревање на јавните објекти кон системи со нулта емисија на цврсти честички (гасни горива, топлински пумпи и други системи)“, кажа Мицкоски.
Претседателот информираше и за формирање на Зелен фонд на Македонија.
„Станува збор за формирање Фонд за животна средина во кој ќе се слеваат сите средства кои граѓаните и правните лица ги уплаќаат како еколошки такси, надоместоци за животна средина и други еколошки давачки. Дополнително, нашата влада ќе посвети особено внимание на искористување европски средства и меѓународна помош, за мултиплицирање на средствата на фондот и обезбедување капитал за вложување во мерките од Програмата за животна средина и Новиот план за животна средина“, изјави Мицкоски.
Мицкоски информираше за пакет за електрични возила.
„Ќе има паркинг и полнач за електрично возило, намалување на трошоците за регистрација на ново електрично возило“, информираше Мицкоски.
Претседателот Мицкоски посочи и дека ќе се заврши автопатот Кичево-Охрид, изградбата на патните правци, Тетово-Гостивар и Битола-Прилеп, ќе се изврши и реконструкција на железнички коридор 10 и набавка на возови.
Ќе има и проект СМАРТ МАКЕДОНИЈА, јавни услуги на клик, како и 10% намалување на бројот на јавни институции.
„Институциите ќе ги зајакнат своите капацитети, службениците ќе добијат можност за напредок, ќе се воспостават јасни линии на отчетност и транспарентност, а на граѓаните на Република Македонија со оптимални средства ќе се обезбедат квалитетни и ефикасни услуги. Институциите кои имаат слични или сродни надлежности ќе се спојат во една, со што ќе се намали бројот на директори, управни и надзорни одбори, како и непотребни трошоци“, реча Мицкоски.
Претседателот информираше и дека годишно за општините ќе има по 250 милиони евра капитални инвестиции.
500 + 500 вработувања во здравствениот кадар
Во делот на здравството Мицкоски најави вработување на здравствен кадар, односно 500 лекари и 500 медицински персонал којшто е потребен во јавните здравствени установи.
-Цениме дека со овој тип на политика она коешто можеби некаде недостасува, во некои градови и општини во Македонија ќе биде целосно покриено. Ова ќе ни биде еден од основните проекти ќе ни биде вработување на нови 500 лекари и 500 медицински персонал, истакна Мицкоски.
Еден интегриран Клинички центар во Скопје: стоп за дуализмот
Мицкоски исто така најави и еден интегриран клинички центар со цел да се намалат злоупотребите.
-Досега имавме еден таков директор политички, имавме еден економски, еден за провизија човек, еден за лажење трет за спроведување и отприлика така функционираше најголемиот дел од клиниките коишто се управувани од владата на СДСМ и ДУИ и најчесто ако политичкиот и економскиот не си се договореа околу висината на провизијата, барем такви се информациите и доказите коишто стигнуваат до нас тогаш работата не одеше, но ако постоеше договор работата си врвеше без проблем. Е наша цел е тоа да не постои, рече Мицкоски.
-Се враќаме на концептот еден клинички центар, нема да има повеќе дуализам, нема да има политички директор и економски директор, туку ќе има раководители на клиники коишто ќе ги управуваат тие клиники и еден клинички центар којшто ќе се грижи да биде се како што треба и да се бори против ваквиот тип на злоупотреби како што беше оној случај во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија, потенцираше Мицкоски.
Изградба на Клиничка болница во Штип
Мицкоски истакна дека приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде завршување на Клиничка болница во Штип. Опремувањето ќе биде со најнова софистицирана медицинска опрема. Кадровско доекипирање на болницата со соодветен кадар од сите профили, медицински, помошен и немедицински кадар.
Ограничување на маржите: Достапни квалитетни лекови, потрошен материјал, медицинска опрема и суплементи
-Многу мислевме што да направиме и како да заштедиме пари во буџетот но и како да не се случува на грбот на граѓаните и пациентите се богатат поединци коишто за жал тоа го правеа изминативе децении и затоа ја воведуваме оваа мерка, а тоа е ограничување на маржите.
Модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема, додаде Мицкоски.