За нас претставува посебна чест и задоволство што можеме еве после нецели би рекол две недели да посакаме добредојде на уште една инвестиција којашто како што кажа господинот е околу 20 милиони евра, за почеток имаме нови 110 работни места. Ќе имаме развојно истражувачки центар, алерти центар нешто кое што до сега недостасува или многу малку го има, изјави на денешната прес-конференција претседателот на владата Христијан Мицкоски.
И она кое што за нас е значајно што тука не застанува оваа инвестиција, туку ќе продолжи и понатаму да се развива односно да се зголемува и бројот на вработени и бројот на извоз но исто така и самата инвестиција којашто очекуваме најмалку да биде двојно зголемена во годините коишто следат. Исто така сакам да кажам дека самата компанија е лидер на пазарот во Германија и таму отприлика е присутна со околу 25% од истиот и нешто кое што претставува значајна препорака за нас, бидејќи очекуваме голем дел од компаниите коишто инвеститорот ги снабдува со своите производи да го следат примерот на инвеститорот и исто како што Eпсотех дојде овде, да дојдат и тие да инвестираат. Нешто кое што ќе значи додадена вредност за нашата економија и нешто кое што ќе донесе повеќе средства во буџетот, повеќе средства за капитални проекти со фокус кон граѓаните. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија“, истакна Мицкоски.