Македонија

Мицкоски од Македонска Каменица: Доста беа порази, во периодот кој што следи не очекува многу работа и победи

Дозволете ми најпрво да го честитам овој голем христијански православен празник, голем ден за православните христијани, а тоа е Успение на Пресвета Богородица, да посакам хармонија, здравје, многу љубов, разбирање за сите наши сограѓани без разлика од нивната вероисповед, изјави денеска при посетата на Македонска Каменица премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски од Македонска Каменица: Доста беа порази, во периодот кој што следи не очекува многу работа и победи

-Добар ден, благодарам на еве што овдека денеска со нас, благодарам на честа

Дозволете ми најпрво да го честитам овој голем христијански православен празник, голем ден за православните христијани, а тоа е Успение на Пресвета Богородица, да посакам хармонија, здравје, многу љубов, разбирање за сите наши сограѓани без разлика од нивната вероисповед.

Овој е ден кога православните христијани се меѓу своите најблиски во кругот на своето семејство и тоа е момент кога можеме да си кажеме она коешто сме го пропуштиле да си кажеме во изминатиот период, истовремено сакам и на рударите коишто се во рударските окна да им го честитам денот бидејќи ова е и нивен ден, рече Мицкоски.

-Денот го започнавме во Пробиштип го продолжуваме овдека во Македонска Каменица, традиционално продолжуваме во Берово, така што навистина очекувам денеска да имаме убав ден полн со позитивна енергија и убави мисли.

Од овде од Македонска Каменица сакам да испратам една порака, а тоа е дека периодот којшто следи ќе имаме многу предизвици, во периодот којшто следи ќе работиме многу, ќе се бориме и на крај ќе победиме. Македонија ќе победи, граѓаните ќе победат. Доста беа порази 7 години. Конечно почнавме и ќе продолжиме да победуваме колку и да сакаат оние ретроградни сили коишто изминативе 7 години ја влечеа државата назад, но да ја оставиме политиката на овој голем ден, да се фокусираме на духовното и во таа насока уште еднашка дозволете ми да им посакам на сите наши сограѓани мир, хармонија и здравје во нивните домови, порача Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top