Македонија Промените доаѓаат

Мицкоски од Кичево: Потребна е победа и потребно е работата да се заврши на 24 април и на 8 мај

Се работи на подготвување на изборната програма, се работи за инвентивен модел меѓу политика и економски модел преку кој ќе се подобри стандардот на граѓаните, но истовремено ќе се добие функционалност на државните органи. Ќе има одговорност за сите кои го прекршиле законот.

Мицкоски од Кичево: Потребна е победа и потребно е работата да се заврши на 24 април и на 8 мај

Денес присуствував на традиционалниот Василичарски коктел во Кичево кој годинава имаше и хуманитарен карактер.
Кичево е победнички град. Потребна е победа и потребно е работата да се заврши на 24 април и на 8 мај, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Се работи на подготвување на изборната програма, се работи за инвентивен модел меѓу политика и економски модел преку кој ќе се подобри стандардот на граѓаните, но истовремено ќе се добие функционалност на државните органи. Ќе има одговорност за сите кои го прекршиле законот. Промените доаѓаат.

To top