Македонија Македонија се гради

Мицкоски очекува завршување на најмалку три инфраструктурни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годината да завршат најмалку три големи инфарструктурни проекти.

Мицкоски очекува завршување на најмалку три инфраструктурни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да завршат најмалку три големи инфарструктурни проекти.

-Очекувам, завршување на најмалку три инфраструктурни проекти, и тоа многу скоро од денеска ќе биде маекедонската јавност известена. Многу добра работа што никој не ја примети а поминуваат деновите. А, тоа се, конечно се одблокираа две големи капоитални инвестици околу 100-тина милиони евра во делот на енергетиката и зелената енергија. Сончевиот пар во Битола и ветерниот парк во Богданци 2, нешто што не е направено 7 години. Морам да ви признам, посебно за ветерниот парк Богданци 2, како го оставивме како раководство во тогашното ЕЛЕМ, така го најдовме, само со малку повеќе прашина и сега повторно помина овие закони во Парламент. 100-тина милиони евра зелена енергија, а знаете од 01.01.2026 сите оние што ќе извезуваат во ЕУ ќе мора да имат потекло на електричната енергија што ја користат во својот произведен процес да е зелена, ако не е ќе плаќат даноци и тоа не обврзува планот за раст. Затоа е многу важно дека сето ова што го правиме на дневна основа одблокируваме процеси, одговори на новинарско прашање претседателот на Владата.

Најнови вести од Македонија

To top