Обвинителството да се позанимава со изјавите на СДСМ околу мигрантите побара премиерот Христијан Мицкоски денеска.
Тој кажа дека од СДСМ шират паника и сеат страв и дека тоа е насилство.
„СДСМ одлучиле да ја тераат оваа тема, а во суштина тие изработиле национална стратегија за прифаќање мигранти во 2017 година, и барале услови каде би се граделе кампови. Такво нешто на оваа влада не и паѓа на памет, тогаш бевме обвинети дека сме ксенофобични.
Ќе дојде февруари, ќе дојде март, ќе дојде јуни ќе нема мигранти, и тогаш што правиме? Каков ќе биде одговорот од тие ПР експерти. Мора и обивнителството да се позанимава со оваа тема, затоа што ова е насилство – создавање немир, паника кај граѓаните. Затоа што ако продолжите со оваа тема, имате намера да создадете немир, паника кај граѓаните“, рече Мицкоски.