Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на бизнисот. Така и ќе продолжиме да бидеме и во иднина, мислам дека бизнисот и Владата треба да се партнери и партнерски да соработуваат и да се надополнуваат. И тука нема ништо лошо, нити пак нешто чудно, истакна премиерот Христијан Мицкоски кој денеска заедно со претседателот на Стопанската комора го одбележа почетокот на работењето на нова институција, Институт за извоз.
-Јас мислам дека само на тој начин можеме да бидеме и поконкурентни, добра е оваа можност што денеска најголемите регионални комори се тука, од регионот, заедно со нашата најголема комора, би рекол. На тој начин ќе можат заеднички да дискутираат за иднината и за сето она коешто претставува план, регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари, бидејќи ценам дека, а и тоа го кажав, во моето обраќање на првиот настан дека, ценам дека полека но сигурно ќе треба заедно да се вмрежуваме и заедно да настапуваме во намерата да бараме нови пазари.
Така што, уште еднаш нека е честит денот, нека е за аирлија овој клуб, овој Институт за извоз и следниот пат кога ќе се собереме да имаме нови бројки кои што ќе бидат многу поголеми во насока на извоз и поголеми проценти раст на македонската економија, генерално, додаде Мицкоски.