Македонија Ора 24

Мицкоски: Неуспешни и криминални политичарите во минатото и сега сакаат да ги злоупотребуваат меѓуетничките односи – тоа веќе нема да може!

Запрашан дали треба да се зборува на теми за меѓуетнички односи, Мицкоски истакна дека во минатото голем број на политичари сакајќи да го сокријат криминалот, неспобноста и неможноста да испорачаат резултати се занимавале со етнички теми.

Мицкоски: Неуспешни и криминални политичарите во минатото и сега сакаат да ги злоупотребуваат меѓуетничките односи – тоа веќе нема да може!

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за Ора 24 запрашан дали треба да се зборува на теми за меѓуетнички односи, истакна дека во минатото голем број на политичари сакајќи да го сокријат криминалот, неспобноста и неможноста да испорачаат резултати се занимавале со етнички теми.

-Мислам дека тоа беше многу пати злоупотребувано во минатато. Сакајќи да го скријат криминалот кој што го правеа, неспособноста и неможноста да испорачаат резултати, многу од политичарите се занимаваат со етнички теми односно се обидуваа луѓето да ги делат и тоа е политика која што неуспешни политичари ја прават. Тоа е најлесно, да ги поделиш луѓето па да владееш и тоа не е од сега, тоа е од римско така, рече претседателот Мицкоски.

Тој исто така дополни дека не е добро да се делат луѓето во етничка основа.

-И сега бидејќи луѓето секако кај нас ако се поделат по социјална структура тогаш многу мал дел ќе останат нивни приврзаници бидејќи 90 % и повеќе од луѓето едвај месецот го поминуваат од први до први и затоа најлесен начин е ајде сега ќе зборуваме за етнички теми, по етничка основа ќе ги делиме луѓето, ќе создаваме нервоза. Но, тоа не е добро, кажа тој.

На крај Мицкоски додаде:

-И затоа велам дека неуспешни политичари, луѓе кои што ветуваат, а не испорачуваат, луѓе кои што се длабоко навлезени во криминал, се луѓе кои што се занимваат со поделби, етнички или било какви други поделби.

To top