Македонија Христос се роди! Навистина се роди!

Мицкоски: Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме

Нека нашата татковина биде подобро место за живеење, земја на нови големи победи и – најважно – држава со повеќе среќни граѓани.

Мицкоски: Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски испрати честитка до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов.

Неговата честитка ја пренесуваме во продолжение:

Дозволете во мое лично и во име на Владата, на сите христијани во Македонија кои го прославуваат рождеството Христово – Божиќ според Грегоријанскиот календар да им го честитам овој голем христијански празник со искрени желби за здравје, радост и заеднички успеси.

Христовото раѓање е симбол на надежта и љубовта меѓу луѓето. Нека Божиќниот ден донесе мир и спокој во секој наш дом, како и сила да се соочиме со секојдневните искушенија. Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме.

Вековите ги надоградуваат моралните, семејните и духовните вредности кои не само што ни помагале во најтешките времиња, туку тие продолжуваат да бидат наша заедничка водилка и за иднината. Само преку силната вера и посветеност кон правењето добри дела можеме да создадеме подобро утре за целата држава.

Нека нашата татковина биде подобро место за живеење, земја на нови големи победи и – најважно – држава со повеќе среќни граѓани.

Радосната вест која се пренесува низ генерации, повторно нека го огрее срцето на секој верник и сограѓанин.

Христос се роди! Навистина се роди!

 

 

Најнови вести од Македонија

To top