Македонија Денот на Армијата - 18 Август

Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина

Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци се бореле со срце, со жртва и со визија, објави Мицкоски.

Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод Денот на Армијата – 18 Август, порача дека нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина.

-Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци се бореле со срце, со жртва и со визија, објави Мицкоски на својата Фексбук страница.

Мицкоски нагласува дека Армијата денес е симбол на новото време и оти денес ние инвестираме во опрема, во инфраструктура, во услови за достоинствен живот и работа на војникот.

Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, August 18, 2025

-Оваа Армија денес стои рамо до рамо со сојузниците во светот, но и цврсто на својата земја, секогаш кога граѓаните се во неволја. Вие сте први на линијата на одбрана, но и први кои покажуваат што значи служење на народот. Армијата е срцето на државата. Ако тоа срце чука силно, тогаш и државата е здрава и сигурна. Нашата Армија чука силно, затоа и Македонија ќе оди напред. Да живее Армијата!, наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Мицкоски денеска присуствуваше на централната свеченост по повод Денот на Армијата во касарната во Штип, каде свои обраќањаа имаа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Најнови вести од Македонија

To top