Македонија

Мицкоски најави жесток фронт против криминалот и корупцијата

Мицкоски најави жесток фронт против криминалот и корупцијата

Имаме предвид да имаме силен рефорски циклус, во делот на објавување на жесток фронт против криминалот и корупцијата, истакна денеска пред новинарите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој го доби мандатот за состав на новата Влада.

За ова да се случи, Мицкоски истакна дека потребно им е двотретинско мнозинство во Собранието, на кое работат, за да се случат потребните законски измени.

-За вакви реформи потребно е главните столбови, Јавното обвинителство и судството да бидат ослободени од малкумината партизираните обвинители и судии. Тоа ќе се направи со распуштање на двете институции, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет, а за тоа да се случи потребна е измена на закони со двотретинско мнозинство, истакна Мицкоски.

Новиот мандатар посочи и дека владеењето на правото ќе биде нивната водилка, нешто како што рече, што изостанувало изминативе години.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати.

Од денеска тече дваесетдневниот рок за формирање на нова Влада. Мандатарот Мицкоски изјави дека очекува новата влада да биде формирана пред крајниот рок, а по одбележувањето на годишнината на партијата на 17 јуни.

Најнови вести од Македонија

To top