Премиерот Христијан Мицкоски утрово ќе оствари средба со претседателот на Стопанска комора на северозападна Македонија, соопшти владината прес-служба.
Потоа, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, заменик-министерката Елфет Исмаили, генерали од Армијата и амбасадорката на САД Анџела Агелер ќе ги посетат припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ – Штип.
Мицкоски, Мисајловски, Исмаили и Агелер ќе присуствуваат и на презентацијата на новите шест лесни оклопни возила JLTV.