Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со координаторот на пратеничката група и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката и член на ИК Марија Митева остварија средба со Стефани Руст, потпретседателка за програми на НДИ во Собранието.
На средбата претседателот Мицкоски информираше за убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори, кои за ВМРО-ДПМНЕ претставуваа голема обврска и одговорност пред граѓаните како идна влада.
Претседателот Мицкоски информираше за текот на политичките процеси по формирање на идната влада, за реформите каде главен фокус ќе биде борбата со криминалот и корупцијата, забрзаниот економски раст и напредокот на Македонија ко ЕУ.
Воедно претседателот се заблагодари на НДИ за одличната соработка изминативе години и со сигурност ја потенцираше важноста од продолжување на соработката во иднина.