Македонија

Мицкоски на средба со претставници од Виз Ер: Можности за проширување на соработката, подобрување на услугите

Мицкоски на средба со претставници од Виз Ер: Можности за проширување на соработката, подобрување на услугите

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека денеска имал средба со претставници на авиокомпанијата Wizz Air, на која разговарале за можности за проширување на соработката, подобрување на услугите и развој на нови иницијативи.

-Средбата беше одлична прилика за размена на идеи и искуства, со цел подобро да се одговори на потребите на патниците и да се поттикне понатамошен развој во авиосообраќајот, објави Мицкоски на Фејсбук.

Инаку, со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Наполи и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Џозев Варади, главниот извршен директор на Виз Ер.

„Виз Ер“ со летови: До Скопје од Будимпешта и Наполи, до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

To top