Македонија Важно е да имаме квалитетно здравство

Мицкоски на средба со лекарите во Битола: На здравствениот систем му е потребно целосно реформирање и реконструирање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Битола каде се сретна со здравствените работници од овој град.

Мицкоски на средба со лекарите во Битола: На здравствениот систем му е потребно целосно реформирање и реконструирање

По средбата тој сподели и статус на Фејсбук:

-Денес остварив средба со здравствените работници од Битола.

Тие се соочуваат со огромни проблеми и предизвици во своето работење.

Недостигот на кадар е огромен проблем за функционирањето на Клиничката болница Битола, како и немањето или нефункционирањето на медицинските апарати.

Слушнав квалитетни решенија и предлози за рестартирање на здравствениот систем.

На здравствениот систем му е потребно целосно реформирање и реконструирање.

Потребно е итно превземање на огромни чекори за надминување на катострофалната состојба во Клиничката болница во Битола.

Важно е да имаме квалитетно здравство.

Важно е да имаме задоволни лекари и пациенти, стои во неговиот пост на Фејсбук.

To top