Македонија официјална средба

Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави

Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период истакна претседателот.

Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена  соработка на економско поле помеѓу двете држави

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

Претседателот Мицкоски му се заблагодари на г. Памер за поддршката која Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.

Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период истакна претседателот.

Воедно беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.

Најнови вести од Македонија

To top