На овие избори настапуваме со чесни и посветени кадри, нашиот кандидат Митко Костадиновски го познавам лично, поминавме многу предизвици заедно, не беше лесно, имаше порази, но многу повеќе победи, порача од Виница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хирстијан Мицкоски.
Му верувам на Митко затоа што знам дека ќе го продолжи развојот на Виница којшто го почна претходниот градоначалник и убеден сум дека уште повеќе проекти заеднички ќе реализираме, а владата како ниту една влада до сега ги поддржува проектите за општините, истакна Мицкоски.
Мицкоски порача дека во иднина поддршката за општините ќе биде зголемена.