Македонија

Мицкоски: Македонската слобода не беше подарена на тацна, македонската приказна е испишана со крв, солзи и непокор и затоа е вечна

Дојдени сме овде да го одбележиме денот на македонската револуционерна борба, ден кој треба да не потсетува, но и освестува дека ние сме минливи, но нашето дело и идеја се тоа кое треба да говори за нас. Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое денеска ни овозможи да имаме самостојна држава и своја самосвест, рече во својот говор на денешната свечена академија по повод 23-ти октомври премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Македонската слобода не беше подарена на тацна, македонската приказна е испишана со крв, солзи и непокор и затоа е вечна

-Почитувани дами и господа, драги пријатели, денеска сме овде да го одбележиме државниот празник 23ти октомври. Дојдени сме овде да го одбележиме денот на македонската револуционерна борба, ден кој треба да не потсетува, но и освестува дека ние сме минливи, но нашето дело и идеја се тоа кое треба да говори за нас. Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое денеска ни овозможи да имаме самостојна држава и своја самосвест, рече Мицкоски.

Ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашна Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација, истакна Мицкоски.

-Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност, појасни премиерот.

Македонската слобода не беше подарена на тацна, напротив. Македонската приказна е испишана со крв, солзи и непокор и затоа е вечна знаат да кажат тие кои ја познаваат историјата на организацијата, вели Мицкоски.

-Македонската слобода не беше подарена на тацна, напротив. Македонската приказна е испишана со крв, солзи и непокор и затоа е вечна знаат да кажат тие кои ја познаваат историјата на организацијата. Таа не зависи од надворешни притисоци, влијанија, постапки на одродени политичари, предавства на поединци, туку таа идеја се храни и живее во секој жив кој за нејзе се бори на свој начин, во својата област, со своето знаење и со своите вештини, верба и надеж, онаму каде може и колку може, до последниот од нас, кој во себе ја носи идејата за Македонија. Многу работи се кажани на овој ден, многу работи се случија во историјата кои водеа кон овој ден на формирање на македонската револуционерна организација, но и многу работи се случуваа откако таа се формираше. Таа претрпе и преживеа неуспеси, поделби, братоубиствена војна, меѓусебни пресметки, разочарувања, идеолошки поделби, од нејзе се издигнаа херои, и паднаа антихерои, од нејзе се раѓаше борбата за своја држава, но се трудеа и да ја злоупотребат нејзината моќ и значење за нашиот народ и сакаа преку нејзе да станеме дел од друга држава, додаде Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top