Денеска присуствував на настан во Царинската управа, на кој се презентираа резултатите од изминатата една година, се вели во Фејсбук статусот на претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
За една година, со напорна работа, со визија и со домаќински пристап, ја враќаме државата на нозе, дел по дел, институција по институција, систем по систем. Еден од тие столбови што го гради новото време, што ги поставува темелите на промените, е токму Царинската управа. Податоците сами по себе многу говорат. Затоа, денес растат приходите од царина за 15,2 проценти, од акцизата растат за 7,1 процент итн. Знаеме што значат овие бројки, тоа значи повеќе за пензии, за плати, за болници, училишта, патишта и за иднината на нашите деца. Тие пари до вчера завршуваа во сивата економија. Денес се враќаат кај народот. Денес, не правиме само отчет. Денес, праќаме порака: Македонија знае да се справи со предизвиците. Знае да се бори. И знае да победи, истакна Мицкоски.