Македонија

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Добар ден на сите, благодарам на интересот. Денеска е посебен ден, денеска е убав ден, сончев ден, ден кога треба граѓаните да излезат и да гласаат. Ден кога сета сила е во рацете на граѓаните, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Оние малкумина 100-тина души кои што изминатиот период одлучуваа за судбината на граѓаните сега се безгласна буква. Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца. И затоа мојата порака денеска од овде е да се излезе, да се гласа, секој да одвои десетина минути од своето време. Бидејќи на тој начин одлучува за иднината на своите деца, своето семејство и иднината на Македонија. Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни, вели Мицкоски.

Тој додава дека затоа уште еднашка повикувам на масовна излезност и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат и заеднички да ја определиме траекторијата по која што Македонија ќе се движи во иднина.

To top