Македонија Вредноста на проектот е околу 120.000.000 денари

Мицкоски ќе присуствува на започнување на градежни активности за доградба на објектот Изворче во детската градинка Срничка во Аеродром

Мицкоски ќе присуствува на започнување на градежни активности за доградба на објектот Изворче во детската градинка Срничка во Аеродром

Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска во 14:30 часот ќе присуствува на надзор на градежни активности за доградба и надоградба на детската градинка Срничка на објектот Изворче во Општина Аеродром.

Вредноста на проектот е околу 120.000.000 денари, заеднички финансиран со средства од Владата и Општина Аеродром, а рокот на изградба е 12 месеци.

Доградениот дел ќе претставува комплетен објект со сите неопходни содржини за згрижување на околу 170 деца од 0 до 6 годишна возраст.

Проектот е од исклучително значење за жителите на Општина Аеродром, каде што живеат многу млади семејства со мали дечиња.

По завршување, изјава за медиуми ќе даде Претседателот на Владата, Мицкоски.

Следете ја изјавата во ЖИВО.

To top