Македонија

Мицкоски ќе оствари средба со Претседателката на Судски совет, Дамева

Мицкоски ќе оствари средба со Претседателката на Судски совет, Дамева

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за правда Игор Филков, денеска во 17:00 часот, ќе остварат средба со Весна Дамева, Претседателка на Судски совет, во просториите на Владата.

Средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата и премиерот Мицкоски за предлози за реформи во Судскиот совет.

По завршување на средбата, Претседателот на Владата Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.

To top